Граѓаните во оваа општина и следната година ќе добиваат субвенции за: тротинети, велосипеди, инвертер клими и печки!

Граѓаните во оваа општина и следната година ќе добиваат субвенции за: тротинети, велосипеди, инвертер клими и печки!

21. 12. 2022.

Советот на општина Гази Баба вчера го усвои буџетот на општината за 2023 година.

Усвоивме развоен буџет кој ќе се оствари и ќе обезбеди подобри услови за сите граѓани. Овој буџет е концепиран согласно реалните барања на граѓаните и истиот е резултат на сеопфатен граѓански дијалог во рамки на кој остваривме средби со граѓани во сите Урбани и Месни заедници, како и средби со стопанството и сите советнички групи во Советот на општината, рече градоначалникот на општината.

Меѓу останатите проекти за граѓаните, и во следната 2023 година предвидени се субвенции за инвертер клима уреди, печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, како и субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата и чистење на оџаците.

ПРОЧИТАЈТЕ: Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет?

Обезбедени се средства и за финансиска поддршка за реконструкција на лифтови и финансиска поддршка за реконструкција на кровови, информираа од општината. 

извор: skopjeinfo.mk