КАКВА ЕСЕН ЌЕ ИМАМЕ? Еве ги првичните прогнози, метеоролозите со апел за подготвеност за поплави како во Словенија

КАКВА ЕСЕН ЌЕ ИМАМЕ? Еве ги првичните прогнози, метеоролозите со апел за подготвеност за поплави како во Словенија

15. 08. 2023.

Славчо Попоски ја објави првичната есенска временска прогноза.

„Судејќи барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, во текот на есента на Балканот доаѓаат нови временски непогоди и поплави. Можни се дури слични катастрофални поплави кои неодамна ја зафатија Словенија, каде имаше и човечки жртви.

Од оваа временска непогода ќе биде погоден целиот регион, па и Македонија, каде се очекуваат почести и поинтензивни врнежи.

Како што ќе навлегуваме во есента се подлабоко и подлабоко, исто така ќе растат и условите за се почести врнежи од снег во Алпскиот регион, па и на највисоките планини на балканот.

Апелираме властите во регионот и во Македонија навремено да се подготват за евентуални вакви силни временски непогоди кои ги најавуваме за претстојната есен“, напиша тој.

Извор: faktor.mk