„Не се сеќавам дека некој некогаш купил килограм чварки. Претежно сите ги земаат во оние мали кутии од 200 грама кои чинат околу 150 денари“, велат производители.
Правењето добри чварки не е наука, потребна ви е само добра и дебела свиња. Мора да биде полна со маснотии, кои подоцна се цедат и се пржат.

Не постои тајна за подготовка на чварки, тивок оган и мешање неколку часа додека не ве заболат рацете за да чварките се румени, имаат мирис е се крцкави.
Нема сомнеж дека Македонија е уникатна и по чварките, бидејќи за овој деликатес нема англиски превод, но како што потврдија европските експерти, тие секако се синоним за добар вкус и неодолив залак.
Но дали во Македонија се најдобрите? Потврдата дека најдобро се прават во Србија стигна пред неколку години од Меѓународниот институт за вкус и квалитет од Брисел. Овој уникатен пецијалитет предизвика воодушевување кај странците.
Се уште ни се свежи сеќавањата дека пред 5 години чварки купувавме за 500 денари, но тоа беше време кога никој од нас не ни помислуваше дека ни претстои пандемија со коронавирус, па војна помеѓу Русија и Украина, па санкции, ценовни шокови, инфлација…
Ако ви се скапи, еве и начин како да ги подготвите:
Подготовка:
1. Ја исецкав сланината на парченца и ја префрлив во сад. Ја правев на две тури. Во садот ставив 1 чаша вода и оставив да си крчка.
2. Кога водата испари и почна да се запржува сланината, промешувам почесто. Во чиста, миена и добро сушена тегла ја собирам процедената сланина. Од оваа количина добив 2 тегли сало.
3. Неколку пати ја повторувам постапката. Не ги прегорувам многу, за да може салото да испадне бело.
Пред крајот, на препорака од пријателка, на едната тура и додадов 1/2 филџанче млеко. Оставив уште малку да се покрчка промешувајќи. Млекото ќе испари.
4. Префрлете ги цедените и готово пржените чварки во поголем сад каде ќе ги посолите. Промешајте убаво секаде да се посолат убаво. Оставете да изладат, па соберете во кутија каде ќе ги чувате.
На здравје!
