За денес ви препорачуваме варено вино по германски рецепт, со додаток на портокал. Се додаваат и ароматични зачини како каранфилче, цимет и анасон.

Потребни состојки
- 1 шише црвено вино;
- 2 лажици рум;
- 2 портокали исечени на парчиња;
- Сок од 2 портокали;
- 5 цветови од каранфилче:
- 2 стапчиња цимет;
- 2 ѕвездички анасон;
- ½ кафеав шеќер.

Подготовка
Во тенџере истурете црвено вино, рум, додадете ги парчињата портокал, сокот од портокал, па зачините – цимет, цветови од каранфилче, анасон и кафеавиот шеќер. Добро измешајте, па загрејте ги сите состојки на тивок оган. Вареното вино процедете го, па послужете го топло.
На здравје!
