КАЈ МАКЕДОНЦИ ДА РАБОТИШ ВО ШВАЈЦАРИЈА, МАЈЧИНОТО МЛЕКО ЌЕ ГО ПОВРАТИШ: Страотни сведоштва за работа кај наши во странство

КАЈ МАКЕДОНЦИ ДА РАБОТИШ ВО ШВАЈЦАРИЈА, МАЈЧИНОТО МЛЕКО ЌЕ ГО ПОВРАТИШ: Страотни сведоштва за работа кај наши во странство

28. 02. 2024.

Последниот оглас кој е огласен во една група се однесува на барање жена за помош во домаќинство во Швајцарија.

Откако постојат социјалните мрежи, речиси постојано преку нив се бараат работници во странство. 

Последниот оглас кој е огласен во една група се однесува на барање жена за помош во домаќинство во Швајцарија, без да се наведе износ на плата и точен опис на работните обврски.

Она што изненади, се коментарите на постот, кои ги напишале жени и девојки од Македонија, а кои не штедеа зборови кога опишуваа како е да се работи за нашите во дијаспората.

Велат дека нешто полошо нема, дека ги третираат многу лошо, не ги пријавуваат и не им даваат убава плата, ги малтретираат и омаловажуваат.

извор: faktor.mk