Авионот бил вратен поради погрешна индикација на техничка неисправност, но превентивно се вратил. Набрзо одново полетал за Франкфурт.
Станува збор за турбопропелерски авион „Даш 8“ со регистарски таблици 9А-ЦКА кој е во флота на националниот хрватски авиопревозник од 2008 година.

„За време на почетната фаза на утринава редовен меѓународен лет на Croatia Airlines од Загреб до Франкфурт, имаше индикации за технички дефект на авионот Dash 8-Q400. Во согласност со пропишаните безбедносни процедури на компанијата и производителот на авионите, беше донесена одлука да се направи превентивно враќање на аеродромот во Загреб“, велат од „Кроација ерлајнс“.
