Според проценките, во Хрватска за туризмот и угостителството ќе бидат потребни околу 70.000 сезонски работници, што е за околу 5.000 повеќе од лани. Слична е состојбата и во Црна Гора, каде што се очекува ангажман на околу 25.000 работници, од кои најмалку 5.000 само во Будва.
Најголема побарувачка традиционално има во угостителскиот сектор. Најбарани се келнери, готвачи, помошни готвачи, работници во кујна, хигиеничари и собарки. Покрај тоа, се бараат и рецепционери, аниматори и работници за одржување, неопходни за нормално функционирање на хотелите и туристичките комплекси.
Сезонските работни места често вклучуваат и дополнителни бенефиции како обезбедено сместување и храна, што значително ги намалува трошоците за работниците.
Податоците покажуваат дека најмногу апликации има за позиции како рецепционери, собарки и помошен персонал, додека недостигот од квалификувани кадри – како готвачи, посластичари и пица мајстори – останува сериозен проблем низ целиот регион.
Ова значи дека за сите кои имаат искуство и знаење во овие области, шансата за добра заработка на Јадранот ова лето е поголема од кога било.
Извор:glamur.mk
