Што е дигитален номад?
Тоа е личност која работи на далечина додека патува. Нема постојана адреса, но има Wi-Fi и флексибилна работа што ѝ дозволува да работи од кој било агол на светот. Повеќето дигитални номади технички работат нелегално, користејќи туристички визи кои не дозволуваат работа. Токму затоа многу земји воведоа специјални визи за дигитални номади, кои овозможуваат легален престој и работа.

Што е дигитална номадска виза?
Тоа е посебна дозвола што ти овозможува да работиш на далечина од друга земја, од совршена песочна плажа, најчесто за работодавач или клиенти кои не се од земјата домаќин. Значи, ако имаш работа што можеш да ја работиш од каде било – веќе си во игра!
Овие визи не водат до државјанство ниту до постојан престој, но нудат легален и сигурен начин да ги споиш работата и патувањето.
Кој може да аплицира?
За да аплицираш за оваа виза, треба:
- да имаш најмалку 18 години
- да остваруваш одреден месечен приход (сумата варира според земјата)
- да работиш работа што можеш да ја извршуваш на далечина

Во 2025 година, дури 50+ земји ширум светот нудат ваков тип на виза! Меѓу нив се:
Португалија, Грција, Шпанија, Тајланд, Италија, Хрватска, Исланд, Малта, Мексико, Индонезија, Бразил, Јужна Кореја, Филипини, Канада, ОАЕ, Романија, Аргентина, Барбадос, Црна Гора, Турција, Малезија и многу други.
Според Digital Nomad Index на сајтот VisaGuide.World, најатрактивни земји за дигитални номади се:
Шпанија, Аргентина, Романија, ОАЕ и Хрватска – благодарение на ниските даноци, брзиот интернет, достапните трошоци за живот и квалитетната здравствена заштита.
Како да аплицираш?
Постапката е релативно едноставна:
- Пополни формулар за виза
- Закажи термин во амбасада или конзулат
- Подготви ја потребната документација
- Поднеси ја апликацијата
Што ти е потребно од документи?
- Пополнет образец за виза
- Пасош и фотографии
- Доказ за здравствено осигурување
- Доказ за приходи
- Договор за работа или доказ за сопствен бизнис
- Биографски податоци и квалификации
Ако си уморен од канцеларии, градска врева и монотонија – можеби е време да го спакуваш лаптопот и да тргнеш во свет. Со дигиталната номадска виза, светот навистина може да стане твој дом.
