Нема поубава и повердостојна пофалба и признание за еден работодавач од таа дадена од сопствените вработени. Најдобрите работодавачи се препознаваат по задоволни и посветени тимови – а тоа го покажува гласот на вработените.
Токму затоа, со особена чест ги објавуваме добитниците на Pulser признанијата за 2024 година, врз основа на анонимното истражување за задоволството на вработените, спроведено преку алатката Pulser.mk – првата платформа од ваков тип во Македонија.

Станува збор за анонимно истражување, чии учесници се компании кои доброволно го пријавуваат своето учество, а оценката за задоволство ја даваат вработените во истата компанија.
Компаниите кои постигнаа најдобри резултати во Истражувањето на задоволство на вработени беа прогласени за Најдобри работодавачи, во рамки на свеченото доделување на наградите, организирано од Vrabotuvanje.com.
Она што и дава посебна тежина на оваа награда е тоа што ја доделуваме врз основа на оценките на вработените за нивната компанија, а тоа е всушност највредното нешто за employer branding на компаниите - потврдата од нивните вработени дека се најдобри.
Според оценките добиени од своите вработени, во истражување спроведено преку алатката Pulser.mk во текот на 2024 година, за Најдобри работодавачи беа прогласени:
1. Првото место го освои Караорман АД Скопје – како одраз на искрената благодарност и задоволство од вработените, кои ја истакнаа компанијата како безбедна и мотивирачка средина за работа.

2. Телеперформанс, глобален лидер во областа на корисничка поддршка, го освои второто место и го потврди својот статус како еден од најпосакуваните работодавачи.

3. Инфинум, технолошка компанија со иновативен пристап и силна тимска култура, се најде на третото место меѓу најдобрите работодавачи според своите вработени.

4. Компанијата УЛТРА СОФТ СИСТЕМС беше прогласена за Најдобар работодавач во категоријата микро компании.

Новиот циклус на Pulser истражувања е веќе во тек. Можеби токму вашата компанија е следниот НАЈДОБАР РАБОТОДАВАЧ!
ПРИЈАВЕТЕ СЕ
