Во рамки на изборот за Работодавач на годината, во 2024 година беа издвоени следните компании како најпопуларни работодавачи во категоријата Производство на храна, според гласовите на јавноста:
- ВИТАМИНКА АД Прилеп
- ЕВРОПА АД Скопје
- ЖИТО ЛУКС
- МАКПРОГРЕС ДОО Виница
- ВИТАЛИА Никола и др. ДОО
- ПОДРАВКА ДООЕЛ Петровец
- ЦЕРМАТ Производство ДООЕЛ увоз-извоз Битола
- Прехранбена индустрија СВИССЛИОН ДОО Скопје
- ПИ Кристал 1923 А.Д.
- МУЛТИПРОМ ДООЕЛ
Што ги прави работодавачите атрактивни?
Според резултатите од истражувањето, учесниците како клучни причини за атрактивност на најпопуларните работодавачи ги издвојуваат:
51,19% – Добри меѓучовечки односи и позитивна работна атмосфера
44,05% – Добар третман на вработените од страна на претпоставените
35,71% – Можност за професионален напредок и учење
Податоците јасно покажуваат дека, покрај платата, луѓето најмногу ја вреднуваат културата, односите и можноста за развој.
Овој редослед ја отсликува перцепцијата и искуството на вработените и јавноста во 2024 година. Но пазарот на труд е жив и се менува па 2025 година очекуваме и изненадувања!
Кој ќе се искачи на врвот на најпосакуван работодавач за 2025 година? ГЛАСАЈ ТУКА
Кој работодавач денес ги нуди најдобрите услови, стабилност и грижа за луѓето?
Гласањето за Работодавач на годината 2025 година е отворено, а секој глас е можност да се препознае вистинската вредност – тука и сега.
Со учество во гласањето, јавноста директно влијае врз тоа кои компании ќе бидат препознаени како работодавачи што вложуваат во своите вработени.
Гласајте и бидете дел од изборот.
