Со новото име и визуелен идентитет, „mBank“ најавува модернизирано банкарско искуство кое е насочено кон потребите на современите корисници – и физички и правни лица. Банката ќе понуди поедноставни, побрзи и пофункционални дигитални услуги, со акцент на достапност, ефикасност и подобрено корисничко искуство.
Како дел од трансформацијата, Банката се пресели и на нова локација, во современ деловен простор кој овозможува подобра организација, поефикасна комуникација и поквалитетно секојдневно функционирање. Новата адреса на Дирекцијата на „mBank“ е на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 7, 1000 Скопје.
Од Банката посочуваат дека во фокусот на нивното работење останува развојот на едноставно, брзо и функционално дигитално банкарство, преку производи и услуги прилагодени на различните потреби на клиентите. Преку современи банкарски решенија, персонализиран пристап и континуиран развој на продукти, „mBank“ има за цел да обезбеди поголема финансиска флексибилност и сигурност.
Посебен акцент ќе биде ставен на поддршката на бизнис секторот, агро-бизнисите, како и на инвестиции поврзани со зелената транзиција и одржливиот развој. Со ова, „mBank“ се позиционира како модерна банка која активно ќе придонесува кон економскиот развој и дигитализацијата на финансискиот сектор во земјата.
