Првото затворање беше во петокот вечерта, од 23:00 до 05:00 часот, кога за сообраќај беа затворени двата правци на обиколницата.
Според најавите, вечерва, сабота, 11 јули, од 23:00 до 05:00 часот, ќе биде затворен правецот кон запад.
За време на затворањето, сообраќајната полиција ќе ги пренасочува возилата по алтернативни правци низ градот.
Проектот „Flyover Thessaloniki“ предвидува изградба на 7,54 километри долг надземен експресен пат над постојната источна обиколница, која дополнително ќе биде проширена, модернизирана и надградена со нови клучки и технички елементи. Вкупната должина на модернизацијата ќе изнесува 12 километри.
Во текот на четиригодишниот период на изградба, покрај источната регионална сообраќајница, активности ќе се изведуваат и на западната регионална сообраќајница на Солун. Целта е градот да добие модерна и побезбедна обиколница, која треба да понуди значајно решение за сообраќајниот метеж.
Возачите кои вечерва планираат да патуваат кон или низ Солун се советуваат навреме да го планираат патувањето и да очекуваат можни задржувања во сообраќајот.
