Алармантен недостиг на стручен кадар во Македонија – бизнис секторот бара итни решенија
Актуелно

Алармантен недостиг на стручен кадар во Македонија – бизнис секторот бара итни решенија

22. 04. 2025.

Алармантен недостиг на стручен кадар. Македонскиот бизнис сектор сè погласно алармира за сериозен недостаток на работна сила. Тоа директно ја загрозува економската активност во земјава. Компаниите, особено оние што инвестираат во нови технологии, се соочуваат со тешкотии во пронаоѓање вработени.

Пензионерите како потенцијално решение за пополнување на дефицитарниот кадар

Сопствениците на фирми, како Ацо Андревски од Охрид, предлагаат воведување мерки. Тие  би овозможиле пензионерите по навршување 64 години повторно да се вклучат на пазарот на труд. Според него, искуството и зрелоста на овие луѓе се недоволно искористени, а работната сила недостасува токму во најчувствителните сегменти на стопанството.


Во собраниска процедура веќе е поднесен предлог-закон кој овозможува флексибилни услови за работен ангажман на самовработени, студенти, лица под 18 години и странци со регулиран престој. Целта е тие да можат да работат сезонски, без да ги изгубат тековните државни приходи како пензии, стипендии или социјална помош.

„Ќе се подготви база на податоци за сите кои сакаат да се вратат и работат тука. Веќе имаме зголемен интерес, што покажува дека оваа стратегија има реална основа и поддршка“, изјави Азески.

Потребна е синергија за одржување на економската активност
Како што потенцираат од Комората, партнерството со Владата е клучно за да се спречи одливот на мозоци и да се обезбеди континуитет на економскиот развој. Враќањето на македонските стручњаци и подобрувањето на условите за работа дома се клучни алатки за стабилна и отпорна економија.

Извор: lider.mk