Иако кај цената на дизелот се бележи драстично поскапување, сепак Македонија останува држава со најевтини горива во регионот.
Од ноќеска на полноќ, дизелот во Македонија се продава по цена од 85,5 денари или 1,39 евра.
Ова се цените на дизелот во другите земји во регионот:
- БиХ – 86.38 денари (1,4 евра);
- Бугарија – 88,23 денари (1,43 евра);
- Словенија – 94.4 денари (1.53 евра);
- Косово – 94.55 денари (1,55 евра);
- Хрватска – 106.12 денари (1,72 евра);
- Србија – 106,74 денари (1,73 евра);
- Грција – 109.83 денари (1,78 евра);
- Албанија – 111,06 – 121.55 денари (1,8- 1,97 евра).
