Добата на комерцијални летови во вселената веќе пристигна, а оваа растечка индустрија има потреба од квалификувана работна сила. Проблемот е што бројот на обучени астронаути е ограничен – а мал дел од нив имаат #opentowork на LinkedIn.
Недостигот од кадар (во комбинација со тоа што сè уште не постојат јасни стандарди за обука на комерцијални астронаути) ги натера некои компании да почнат да примаат пријави:
• The Spaceflight Institute (Франција) планира да воведе сопствени сертификати за комерцијални астронаути за да постави „референтен стандард“ за нивната обука. Во моментов нудат тридневен курс кој чини околу 940 долари.
• Sierra Space Human Spaceflight Center – дел од компанијата Sierra Space за вселенски и одбранбени технологии – развива програма што ги комбинира класичните методи за астронаутска обука со новите сознанија од комерцијалните вселенски летови. Нивната мисија? Да нè воведат во Orbital Age™ (да, навистина го имаат заштитено овој израз).
• Nancy Vermeulen Space Training Academy нуди приватни обуки под водство на Ненси Вермејлен – поранешна инструкторка за пилоти во комерцијалната авијација и командир на симулирана мисија на Марс во Јута. Обуката вклучува лет во безтежинска состојба и симулирана мисија на Марс.
Дали вреди?
Верувале или не, вредноста на ваквата обука можеби далеку ја надминува само тоа што ќе имате најдобра можна приказна за играта „две вистини и една лага“, пишува The Hustle.
Според извештај на Светскиот економски форум од 2024 година, вселенската економија до 2035 година ќе достигне вредност од 1,8 билиони долари, во споредба со 630 милијарди долари во 2023 година.
Само пазарот на вселенски туризам се проценува дека ќе надмине 10 милијарди долари до 2030 година – раст од 888,3 милиони долари во 2023.
Според податоците на The Spaceflight Institute, моментално во светот има помалку од 150 сертификатирани комерцијални астронаути, што значи дека оваа работна сила може сериозно да биде преоптоварена како што индустријата ќе продолжи да расте.
Заклучок
Програмите за обука на комерцијални астронаути го откриваат огромниот јаз во сектор кој е подготвен за експлозивен развој.
Единствената мана? Се вели дека патот до работа е навистина, навистина напорен.
