Цените на храната на глобално ниво продолжуваат да се намалуваат, четврти месец по ред, објави Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Ценовниот индекс на ФАО во декември изнесуваше 124,3 поени, што е за 0,6% помалку од ноември и за 2,3% под нивото од лани.
Падот главно се должи на значителното поевтинување на млекото и млечните производи (-4,4%) и месото (-1,3%), особено говедското и живинското месо. Наспроти тоа, цените на житарките пораснаа за 1,7%, а шеќерот забележа раст од 2,4%, поради проблеми со понудата и производството во Бразил и регионот на Црното Море.
И покрај месечниот пад, во текот на целата 2025 година храната во просек беше за 4,3% поскапа од 2024 година, при што растителните масла поскапеа дури за 17,1% и достигнаа највисоко ниво во последните три години.
