Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка.
- Да повторам по не знам кој пат, дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка, која не е минимална, ја објавуваат синдикатите според некои нивни параметри. Оваа кошничка нам ќе ни користи за водење исправни економски политики, носење исправни закони, одлуки и мерки, базирани на добро обработени статистички податоци, подвлече Ристески.
