Над 2.000 електрични автомобили во Македонија, но дизелот сè уште е број 1
Актуелно

Над 2.000 електрични автомобили во Македонија, но дизелот сè уште е број 1

11. 09. 2026.

Бројот на патнички автомобили во Македонија за само пет години пораснал за над 40% – од околу 429.000 во 2020 година на повеќе од 615.000 во 2025 година.

И покрај растот на електричните и хибридните возила, дизелот и понатаму убедливо доминира. Дизел-автомобилите сочинуваат 63,8% од возниот парк, додека бензинците паднале на 25,7%.

Електричните автомобили бележат огромен раст од околу 30 пати во последната деценија, но нивниот удел сè уште е минимален. Во 2025 година во земјава биле регистрирани 2.047 електрични автомобили, односно само 0,3% од вкупниот број.

Хибридите се нешто почести и веќе достигнуваат 1,2% од возниот парк, со 7.393 регистрирани возила во 2025 година. Во исто време, просечната старост на автомобилите останува висока – 19,3 години.

Стареењето на возниот парк е поврзано и со увозот: повеќе од 80% од автомобилите увезени во последната деценија биле половни. Во 2025 година, на секој нов автомобил биле увезени околу 3,5 половни.

Во Скопје се регистрирани околу една третина од сите возила во земјава, но бројот на автомобили расте и во останатите региони. Денес Македонија има 338 автомобили на 1.000 жители, наспроти 122 во 1991 година.