Активни се пожарите кај Буринец – Локова – Селце – Елевци во Струга, кај Белица во Македонски Брод и кај Рамно, во близина на селото Бреза во Чучер Сандево.
Од Центарот за управување со кризи предупредуваат дека опасноста од пожари и понатаму е многу висока. Забраната за движење во шумите е продолжена до 30 септември.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, посочи дека пожарот кај Рамно е значително намален и делумно под контрола, со очекување наскоро целосно да биде изгаснат.
