Минималната плата на национално ниво е законски утврдена во 22 од 27 земји членки на Европската Унија, со исклучок на Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска.
Според податоците за јануари, во 10 земји од ЕУ е регистрирана минимална плата пониска од 1.000 евра месечно.
Покрај Бугарија, тоа се Унгарија – 707 евра, Латвија – 740 евра, Романија – 814 евра, Словачка – 816 евра, Чешка – 826 евра, Естонија – 886 евра, Малта – 961 евро, Грција – 968 евра и Хрватска – 970 евра.

Во следната категорија, каде што минималните плати се движат меѓу 1.000 и 1.500 евра месечно, се наоѓаат Кипар – 1.000 евра, Португалија – 1.015 евра, Литванија – 1.038 евра, Полска – 1.091 евро, Словенија – 1.278 евра и Шпанија – 1.381 евро.
Земји со минимална плата поголема од 1.500 евра месечно се Франција – 1.802 евра, Белгија – 2.070 евра, Германија – 2.161 евро, Холандија – 2.193 евра, Ирска – 2.282 евра и веќе спомнатиот Луксембург.
Податоците покажуваат дека највисоката минимална плата во земјите од ЕУ е 4,8 пати повисока од најниската.
Разликите во минималните плати меѓу земјите од ЕУ се значително помали кога ќе се земат предвид разликите во нивото на цени во тие држави, се наведува на веб-страницата на Евростат.
Ако се користи вештачката валутна единица PPS, која ги елиминира разликите во општото ниво на цени во земјите од ЕУ, се заклучува дека минималните плати се движеле од 878 PPS месечно во Естонија до 1.992 PPS во Германија, што значи дека највисоката минимална плата во ЕУ е 2,3 пати повисока од најниската.
