Според МВР, дневно над 100 граѓани ги ажурираат своите лични податоци во системот, што е предуслов за правилно функционирање на новиот модел на автоматско санкционирање.
Системот „Безбеден град“ ќе регистрира повеќе видови сообраќајни прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена регистрација, учество во сообраќај со нерегистрирано возило, како и непрописно запирање и паркирање.
Казни за пречекорување на брзината во населено место (до 50 км/ч):
- до 10 км/ч над дозволеното – глоба од 15 евра
- од 10 до 30 км/ч – глоба од 50 евра
- од 30 до 50 км/ч – глоба од 300 евра и прекршочна санкција
- забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци
Казни за пречекорување на брзината надвор од населено место:
- до 30 км/ч – глоба од 20 евра
- од 30 до 50 км/ч – глоба од 50 евра
- од 50 до 70 км/ч – глоба од 300 евра и прекршочна санкција
- забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци
За поминување на црвено светло:
- глоба од 250 евра
- заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци
За непрописно запирање и паркирање:
- глоби од 25, 40, 150 и 180 евра, во зависност од видот и тежината на прекршокот
За учество во сообраќај со нерегистрирано возило:
- глоба од 500 евра
- доколку од истекот на сообраќајната дозвола не поминале повеќе од 30 дена – глоба од 100 евра
Од МВР информираат дека казните платени во рок од осум дена ќе бидат намалени за 50 отсто, а по истекот на рокот ќе се наплатува целосниот износ. Дополнително, најавени се и полициски возила со мобилни камери кои ќе патролираат низ државата и ќе регистрираат прекршоци во реално време.
Надлежните очекуваат дека со воведувањето на „Безбеден град“ значително ќе се подобри сообраќајната безбедност и ќе се намали бројот на тешки сообраќајни несреќи.
