ЈСП укинува СМС-билети за ноќен превоз: Од февруари важат само хартиени билети и електронски паричник
Актуелно

ЈСП укинува СМС-билети за ноќен превоз: Од февруари важат само хартиени билети и електронски паричник

1/31/2026

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од полноќ на 31 јануари, односно од 1 февруари, нема да биде во функција плаќањето билет за едно возење на ноќните линии преку СМС порака на бројот 185.

Како што потсетуваат од ЈСП, согласно Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на Град Скопје од 2015 година (член 10, алинеја 1), билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети важат за сите градски и приградски линии во периодот од 05:00 до 24:00 часот и не важат за ноќните линии.

Јавниот превоз на ноќните линии, во периодот од 00:00 до 05:00 часот, ќе може да се користи со валидирање, односно купување ноќен билет за едно возење, кој чини 50 денари. Билетот може да се купи исклучиво во возилото кај возачот или преку електронски паричник со валидатор.

Извор: skopjeinfo.mk