Иднината отсекогаш била неизвесна, но се чини дека никогаш не била толку непредвидлива како денес – брзиот технолошки развој го менува секој аспект од нашите животи, особено ако сме во фаза на планирање кариера или размислуваме за нејзина промена.
Факт е дека ерата на вештачката интелигенција и роботите веќе е пристигната. Една од главните грижи на многу луѓе во времето на зголемена автоматизација, која е предводена од технолошката револуција, е прашањето: „Дали вештачката интелигенција ќе ми ја земе работата?“
При изборот на кариера, сè поважно е да се размислува за тоа како ќе изгледа иднината на одредена професија, а некои упатства ги даваат експертите и истакнуваат дека времето на една кариера за цел живот е одамна зад нас.
„Ако сте заинтересирани за медицина, свртете се кон биоинформатиката и генетскиот инженеринг, а ако сте заинтересирани за технологија – изберете управување со беспилотни системи во земјоделскиот сектор или индустриска роботика“, велат екеспертите и додаваат: „Токму во овие области веќе се појавува огромен недостиг на персонал, кој ќе стане критичен за пет години“.
Според експертите, друга непогрешлива насока се професиите што бараат длабока емпатија и емоционална интелигенција, каде што вештачката интелигенција не може да го замени човекот. Клиничките психолози, специјалистите за рехабилитација, педагози за деца со посебни потреби и геријатрите секогаш ќе бидат барани, сè додека постојат луѓе.
„Но, најважно е да се разбере дека концептот ‘една кариера за цел живот’ конечно умре. Современите дипломци ќе мора да ја менуваат својата сфера на активност 5-7 пати во текот на животот, па затоа способноста за брзо учење и прилагодливоста ќе станат нивна главна конкурентска предност во однос на тесниот круг на стари специјалисти“, предупредуваат експертите.
Извор:porta3.mk
