Го оставила кучето во автомобил на топло, казна 1.000 евра
Актуелно

Го оставила кучето во автомобил на топло, казна 1.000 евра

9/4/2025

60-годишната жена го оставила кучето 15 минути без отворени прозорци или вклучена клима

Грчката полиција привела Бугарка која го оставила своето куче заклучено во автомобил без да ги отвори прозорците или да го вклучи клима уредот, објавија бугарски медиуми.

Инцидентот се случил вчера напладне во крајбрежното село Неа Врасна во северна Грција.

Полицијата утврдила дека 60-годишната жена оставила куче во својот автомобил 15 минути, кое било под нејзина грижа, што е прекршување на прописите за здравје и благосостојба на животните.

На Бугарката ѝ е изречена административна казна од 1.000 евра, како што е предвидено со закон, а против неа е покрената и постапка.

Извор: expres.mk