Во дискусија на интернет, корисници споделија искуства за заработката во занаетчиските професии. Еден од нив навел дека електричар наплатил околу 350 евра за релативно кратка интервенција – поставување неколку штекери, прекинувачи и осветлување, завршено во рок од неколку часа.
Овој пример отвори поширока дебата за тоа колку всушност се исплатливи ваквите професии денес. Сè повеќе луѓе забележуваат дека добар мајстор речиси и да нема слободен термин, бидејќи побарувачката е огромна. Од керамичари до водоинсталатери, многу од нив работат со полн капацитет и однапред закажани ангажмани.
Некои споделија дека дневниците можат да достигнат и над 100 евра, а со сопствен бизнис и добра репутација – заработката оди уште повисоко.
Оваа ситуација сè почесто ги тера луѓето да размислуваат за промена на кариера. Наместо класичен пат со диплома и канцеларија, практичните вештини повторно стануваат злато вредни.
Прашањето што сега многумина си го поставуваат е едноставно: дали вистинската шанса всушност била тука цело време?
Извор: prv.mk
