Цените не ги одредува градот Минхен, туку секој шатор самостојно. Најскапото пиво, по 15,90 евра, ќе се продава во неколку од големите шатори, додека најевтино ќе биде во „Музеумсзелт“ – 14,80 евра за литар.
Поскапувањето не го заобиколи ниту безалкохолниот пијалак. Во „Брауросл“ литар сок ќе чини 15,80 евра, додека во „Шаторот за вино“ литар вода ќе достигне 15,33 евра.
Овогодишниот Октоберфест е 191. издание и ќе се одржува од 19 септември до 4 октомври. Посетителите ги очекуваат традиционалното отворање на првото буре, поворки, забавни атракции и историскиот дел „Оиде Визн“.
Ако планирате да наздравите на Октоберфест, можеби ќе треба да наздравите малку поретко.
