Денеска времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје се очекува сончево и постудено време, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Од среда нова промена на времето
Среда ќе започне со ведро и студено утро, со температури под нулата. Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, а кон вечерните часови ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните делови од Македонија, каде што се прогнозираат над 30 литри дожд на квадратен метар.
За викендот повторно дожд и снег
Кон крајот на работната недела се очекува дополнително намалување на температурите, а за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Со најавеното заладување, снежната покривка би можела да се прошири и во други повисоки предели низ земјава, носејќи сè поизразени зимски услови уште пред почетокот на декември.
