Американската компанија SpaceX и телекомуникациската групација 4iG најавија соработка за воведување на Starlink Mobile V2, услуга што ќе овозможи директно поврзување на мобилни телефони со сателитската мрежа, без дополнителна опрема.
Технологијата е наменета за подобрување на покриеноста во оддалечени области и во ситуации кога традиционалните мобилни мрежи не се достапни.
Според најавите, Македонија, заедно со Унгарија, Албанија и Црна Гора, е меѓу земјите каде се планира воведување на услугата во наредниот период.
