Министерката за дигитализација Каријане Тунг предупреди дека паметните очила, кои комбинираат камери, микрофони, интернет и вештачка интелигенција, би можеле да овозможат незабележливо снимање и следење на луѓето на јавни места.
Особено проблематична е можноста идните модели да овозможат препознавање и анализа на лица без нивно знаење или согласност.
Иако се разгледува и можноста за забрана, владата засега повеќе се фокусира на ограничување на најинвазивните функции, наместо на целосна забрана на уредите. Планирано е формирање стручна група која ќе предложи како најдобро да се заштитат граѓаните.
Иницијативата ја поддржаа и норвешките институции за заштита на личните податоци и потрошувачите, а слични прашања веќе се разгледуваат и во други европски земји.
Со брзиот развој на вештачката интелигенција, паметните очила отвораат ново прашање за приватноста – каде завршува корисната технологија, а каде почнува незабележливото следење на луѓето?
