Наодите од студијата на Европската иницијатива за следење на дебелината кај децата покажуваат загрижувачки резултати кај децата на возраст од 6 до 9 години. Од Институтот за јавно здравје, кој ги презентираше податоците по повод Светскиот ден на дебелината, информираат дека повеќе од 31 процент од децата имаат зголемена телесна тежина, додека нешто помалку од 14 проценти живеат со дебелина, повисока од европскиот просек.

Анализата покажува дека зголемената телесна тежина е почеста кај момчињата отколку кај девојчињата. Воедно, податоците откриваат и сериозни проблеми со секојдневните навики во исхраната.
Само 25 проценти од децата во земјава секојдневно јадат свежо овошје, што е најниската дневна консумација на овошје во целиот европски регион. Ист е случајот и со внесувањето на свежиот зеленчук.
