На 19.11.2025 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025). Предлогот за одлучување беше на дневен ред за 28, седница на Судот, одржана на 24 декември 2025 година. Предлогот на судијата известител не го добил потребното мнозинство гласови.
– Во овој случај беше поведена постапка од страна на Уставниот суд и во ваква ситуација требаше да се донесе конечна одлука. Кога предлогот за конечна одлука не добива мнозинство Судот ја запира постапката, а актот останува во правниот поредок – информират од Уставниот суд.
Останува во правен промет и одредбата за потршувачите, од 1 точка и не се поведе постапка. За промена на имињата во општина Тетово, Уставниот суд поведе постапка.
