Во текот на 2025 година, жителите на Европската Унија реализирале околу 1,2 милијарди патувања, од кои дури 81,4% биле со копнен превоз, 17,2% со авион, а само 1,4% со воден превоз.
Автомобилите убедливо водат, со учество од 63,3% од сите патувања. Железничкиот превоз учествува со 13,3%, додека автобусите со 3,8%.
Најмногу со авион патуваат жителите на Малта, каде што дури 61,6% од патувањата се реализираат по воздушен пат. Следуваат Кипар со 51,1% и Ирска со 41,8%.
Од друга страна, копнениот превоз е најзастапен во Романија со 94%, Словенија со 90,4% и Бугарија со 89%.
Интересно е што кога станува збор за патувања во странство, авионот сепак има предност, со учество од 51,4%, додека автомобилите се користат за 35,7% од ваквите патувања.
Податоците се однесуваат на туристички и деловни патувања со најмалку едно ноќевање, реализирани од жители на ЕУ на возраст од 15 години и повеќе.
