Во 2025 година, 8,5% од населението на Европската Унија на возраст од 15 до 74 години имало високо образование во STEM-областите.
На првото место се наоѓа Ирска со 12%, по што следуваат Шведска со 11,9%, Литванија со 11,7%, како и Луксембург и Австрија со по 11,2%.
Најмал удел на високообразовани лица во овие области имаат Италија со 4,4%, Романија со 4,9% и Чешка со 6,1%.
Податоците покажуваат и дека 27,1% од студентите во ЕУ во 2024 година студирале во STEM-области. Најголем интерес за овие студии е забележан во Ирска (36,4%), Финска (35,8%) и Германија (35,4%).
Во периодот од 2015 до 2024 година, Ирска забележала и најголем раст на уделот на студенти во овие области, од 26,8% на 36,4%.
STEM-образованието ги опфаќа природните науки, математиката, информатичките технологии, инженерството и сродните дисциплини, кои имаат значајна улога во технолошкиот развој и иновациите.
