Во 2025 година, стапката на вработеност кај мажите на возраст од 20 до 64 години изнесувала 80,9%, додека кај жените била 71,2%. Разликата изнесува 9,7 процентни поени, што претставува благо намалување во споредба со 2024 година, кога изнесувала 10 процентни поени.
Според Евростат, најголеми разлики во вработеноста меѓу мажите и жените се забележани во одредени региони на Грција, Италија и Романија, каде што разликата достигнува и над 18 процентни поени.
Од друга страна, 65 од вкупно 244 региони во ЕУ веќе ја исполниле целта за намалување на родовиот јаз во вработеноста предвидена за 2030 година. Најголем дел од овие региони се наоѓаат во Франција, Германија и Шведска.
Целта на Европската Унија е до 2030 година разликата во вработеноста меѓу мажите и жените да се намали на 5,7 процентни поени, со што би се обезбедиле поеднакви можности за учество на пазарот на трудот.
