Инстаграм страницата „Студентарија“ објави интересна приказна за првиот студент во земјава, додека претходно оние кои сакале да се здобијат со високо образование оделе на студии во Белград, Загреб, Љубњана...
Во време кога немало студентски домови, недостасувале книги, а професорите истовремено предавале и воделе практична настава, оваа генерација, запишани во 1946 година, биле студенти кои не само што учеле, туку и активно учествувале во градењето на академскиот живот. Тие ги поставиле темели на институциите, традициите и студентската култура што подоцна ќе се развиваат.

Во оваа објава се споделуваат делови од документарна емисија во која самиот Димоски зборува за своите студентски години, за тогашниот студентски живот и за тоа како всушност го добил индексот број 1.

Во периодот што следува, „Студентарија“ најави уште вакви приказни – мал времеплов низ историјата на високото образование во Македонија.
Приказни за првите студенти, првите факултети и моментите што го обликувале студентскиот живот каков што го познаваме денес.
