Објавена листата на најсреќни земји во светот: Македонија далеку од врвот
Актуелно

Објавена листата на најсреќни земји во светот: Македонија далеку од врвот

23. 10. 2026.

Косово бележи голем напредок на Светскиот извештај за среќата за 2026 година, искачувајќи се од 29. на 16. место во светот. Македонија, пак, се наоѓа на 82. позиција, со просечна оценка од 5,719 од можни 10.

Извештајот се заснова на тоа како луѓето го оценуваат сопствениот живот, а рангирањето за 2026 година ги опфаќа просечните оценки за периодот од 2023 до 2025 година.

Од земјите во регионот, Србија е на 30. место, Босна и Херцеговина на 47., Црна Гора на 60., Хрватска на 70., а Албанија на 86. место. Словенија е на 18. позиција.

Според извештајот, среќата не зависи само од приходите и економската состојба. Важна улога имаат и социјалната поддршка, здравјето, личната слобода, дарежливоста и довербата во општеството.

Кај Македонија, меѓу факторите што се издвојуваат се перцепцијата за корупцијата и социјалната поддршка, односно чувството дека граѓаните имаат на кого да се потпрат кога се соочуваат со тешкотии.