Живеам, работам, растам: dm drogerie markt - средина во која професионалниот и личниот развој одат рака под рака
Успешни бизнис приказни

Живеам, работам, растам: dm drogerie markt - средина во која професионалниот и личниот развој одат рака под рака

09. 09. 2026.

Во брзото темпо на современиот живот, наоѓањето работна средина што поттикнува професионален развој, континуирано учење и рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот е вистински предизвик.

Компаниите што нудат можности за усовршување и самореализирање на своите вработени стануваат лидери на пазарот на трудот. dm drogerie markt е токму такво место, каде што вработените добиваат поддршка да го реализираат својот потенцијал благодарејќи на иновативни програми за обука, инспиративна работна култура и посветеност на нивниот личен и професионален развој.

Учење приспособено по мерка на вработениот

Во основата на пристапот на dm кон развојот на вработените стои dm Lernwelt ‒ платформа за онлајн учење што нуди широк спектар на дигитални курсеви, работилници и материјали што се достапни во текот на целата година. Преку оваа платформа, вработените се регистрираат на работилници што се одржуваат во живо, како и на онлајн и меѓународни обуки, со можност за преглед на целосната понуда за едукација на едно место. На овој начин, dm Lernwelt им овозможува на вработените да го приспособат процесот на учење на сопствените потреби и да го следат својот напредок, а истовремено да стекнуваат нови знаења и вештини.

Освен тоа, за секоја деловна година внимателно се дизајнира каталог на обуки што одговара на различните потреби на вработените, но и на стратешките цели и идните проекти на компанијата. Преку развивање продажни вештини и обука за лидерски позиции, овие програми им овозможуваат на вработените да ги подобрат своите компетенции во согласност со сопствените цели и улогата во компанијата.

dm Академија: Пат кон професионален развој

За вработените во продажба, кои сакаат дополнително да ги надградат своите вештини, dm Академијата нуди единствена можност за професионален развој. Оваа едногодишна програма комбинира предавања во живо во Загреб и онлајн часови, а вклучува и материјал од девет предмети ‒ од хемија, ботаника и фармакологија, до исхрана, козметика и маркетинг. Во текот на повеќе од 300 наставни часови, вработените стекнуваат специјализирано знаење што го применуваат директно во работата со купувачите, давајќи им стручни совети за асортиманот на производи. По успешното завршување на програмата, учесниците ја добиваат титулата дрогерист, која ги прави препознатливи по посебната значка што ја носат во продавницата. Денес, dm Македонија имаме 11 обучени dm дрогеристи, чија стручност придонесува за висок квалитет на услугата и професионална поддршка на купувачите.

Култура на поддршка и рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот

dm не е само работодавач, туку и заедница што ги живее вредностите на довербата, соработката и меѓусебната почит. Работната култура не се темели врз класични хиерархиски односи, туку врз дијалошко управување што поттикнува отворена комуникација, лична одговорност во работењето и почитување на мислењето на секој вработен. Таквата работна средина создава простор за личен и професионален развој, со можности за интерно напредување на различни позиции, како и за развој на кариерата на меѓународно ниво.

Во dm drogerie markt, кариерата и личниот развој одат рака под рака. Повеќе информации за можностите за вработување и за актуелните огласи може да најдете на веб-страницата Кариера | dm.mk.