„Компанијата нема започнато никакви преговори со SPAR, ниту со кој било друг потенцијален купувач, и не постои договор или договорни разговори за купопродажба или пренос на сопственост на кој било од нашите продажни објекти.
Ваквите шпекулации предизвикуваат забуна кај јавноста, вработените и деловните партнери и се спротивни на принципите на точност и одговорност во информирањето.
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје нагласува дека информациите поврзани со работењето, стратешките одлуки и идните планови на компанијата се соопштуваат исклучиво преку официјални канали и ги повикува медиумите, пред објавување на вакви наводи, да побараат потврда директно од компанијата.
Компанијата продолжува да работи под управување на единствениот сопственик Владимир Тодоровиќ, со целосна посветеност кон обезбедување квалитетни услуги за клиентите, стабилност за вработените и одговорен однос кон деловните партнери“, велат од ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје.
