Стартуваше трката по индекс, медицинскиот факултет со најголема понуда за бруцошите!
Актуелно

Стартуваше трката по индекс, медицинскиот факултет со најголема понуда за бруцошите!

18. 08. 2026.

Стартува новиот дел од животот на речиси девет илјади граѓани од земјава кои во следниве години ќе бидат дел од високо образовниот процес.

Точно на располагање има 8851 места на 23 факултети низ цена држава. За околу четири години пазарот на труд на Македонија треба да добие нови дипломирани лица кои ќе треба да се пробаат во државните институции и во приватните компании. Според понудата, најмногу места се отворени на Медицинскиот факултет.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска го почнува првиот уписен рок за академската 2026/27 на 23 факултети. Средношколците кои имаат намера да станат бруцоши ќе мора да ја достават својата биографија денеска или утре. Според податоците во државна квота има 4 395 слободни места и нивното студирање ќе чини 200 евра на годишно ниво, 3621 се за редовни студенти со кофинансирање и останатите 835 се предвидени за вонредни студенти, овие две категории на студенти ќе треба да плаќаат по 400 евра годишно.

Податоците на Министерството за образование велат дека Медицинскиот факултет има најмногу места за идните студенти, односно 950, втор на листата е Филолошкиот факултет со 805, а веднаш зад нив е ФИНКИ со 800 слободни места. Следуваат Економскиот факултет, Филозофскиот, Природно-математичкиот, ФЕИТ и Машинскиот факултет кои имаат од 650 до 600 слободни места. На Правниот факултет се предвидени 555 места.

„За разлика од тоа, останаа речиси идентични техничките струки, информатиката, машинството, градежништвото, таму е вработливоста на одлично ниво и достигнува некаде до 98-99 проценти. Јас сум уверена дека сите студенти ќе си го најдат местото каде што сакаат да студираат“, изјави министерката Јаневска.

Ваквите намалувањата според надлежните се направени по анализа на пазарот на трудот, особено кај бизнис и јавна администрација, економските и правните студии и дел од медицинските насоки. Кај информатиката, машинството и градежништвото квотите остануваат речиси непроменети поради високата вработливост на дипломираните кадри.

Правилата велат дека кандидатите пред поднесувањето на документите треба задолжително да се регистрираат преку системот upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава во iKnow. Документите потоа се доставуваат со физичко присуство на избраниот факултет. Ова го потврдува и официјалниот конкурс на УКИМ. Според планот потоа ранг-листите за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование ќе бидат објавени на 24 август, а конечните на 27 август. На крај, запишувањето на примените кандидати е закажано за трети и четврти септември. Но, за факултетите каде ќе останат слободни места ќе има уште два рока. Вториот е на 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември.

Извор: denar.mk