„Најк“ тоне: Акциите паднаа 80%
Актуелно

„Најк“ тоне: Акциите паднаа 80%

15. 09. 2026.

„Најк“ веќе не е брендот што некогаш беше. Во последните години вредноста на компанијата драстично падна, а акциите изгубија околу 80 отсто од вредноста.

Пред помалку од пет години „Најк“ вредеше околу 264 милијарди долари. Денес вреди речиси петпати помалку, а компанијата се соочува и со ризик да го напушти индексот S&P 100 по 18 години.

Проблемите започнаа кога фокусот на компанијата се префрли од спортската култура и малопродажбата кон директната онлајн-продажба, апликациите и зголемувањето на профитните маржи.

„Најк“ постепено ги намали односите со големите трговски синџири, а нивниот простор на полиците го презедоа конкуренти како Hoka, On, New Balance, Adidas и Asics.

Во исто време, залихите пораснаа, па компанијата почна сè почесто да нуди попусти. Распродажбите станаа речиси постојан дел од продажната стратегија.

Иако „Најк“ и понатаму заработува милијарди – во 2025 година оствари 46,4 милијарди долари приходи и околу 3 милијарди долари добивка – брендот го загуби дел од својот кул статус.

Сега новиот извршен директор Елиот Хил, кој има повеќе од 30 години искуство во компанијата, се обидува да го врати „Најк“ кон она што некогаш го правеше најдобар: спортот, иновациите и силната врска со купувачите.

Но, за тоа, како што признава и самиот Хил, ќе биде потребно време.