Истражување: Колку денови годишен одмор добиваш – и дали е доволно?
Анкети и истражувања

Истражување: Колку денови годишен одмор добиваш – и дали е доволно?

6/10/2025

Летото веќе започна, а со него доаѓаат и прашањата: Колку денови одмор имам оваа година? Ќе добијам ли регрес? Дали сум задоволен/а од тоа што ми следува?

Работниците ширум државата имаат различни искуства кога станува збор за годишните одмори – некои со нетрпение ги чекаат, други ги одложуваат, а трети и не успеваат да ги искористат во целост. 

Тимот на Vrabotuvanje.com спроведува истражување за годишните одмори – колку денови официјално добивате, дали ви се доволни, и какви се вашите очекувања во однос на исплатата на регрес.

Истражувањето е анонимно и ќе ни помогне да добиеме подобра слика за тоа како изгледа реалноста за вработените во различни сектори, возрасни групи и типови компании.

Пополни ја анкетата и сподели го своето мислење:
ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ГОДИШНИТЕ ОДМОРИ – КЛИКНИ ТУКА

 

Дали веруваш дека повеќе денови одмор значат и поголема продуктивност? Или си меѓу оние кои не можат да си ги искористат ни оние што ги имаат? Раскажи ни како е кај тебе – твоето искуство може да направи разлика.