Само 27% од луѓето се задоволни од својата плата, додека 77% размислуваат за промена на работното место
Анкети и истражувања

Само 27% од луѓето се задоволни од својата плата, додека 77% размислуваат за промена на работното место

5/12/2025

Alma Career, водечкиот пазарен лидер со активности во повеќе земји од Централна и Источна Европа, неодамна спроведе меѓународно истражување за задоволство од платите преку платформата Paylab, опфаќајќи ставови на околу 15.000 учесници од девет земји (Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија и Латвија).

„Истражувањето открива дека само 27% од испитаниците се задоволни од својата сегашна плата, а 56% се чувствуваат потценето. Овој став е поизразен во Балтикот и Балканот, додека луѓето во Чешка, Словачка и Естонија се чувствуваат нешто позадоволни“, коментира Јозеф Плшко, директор за односи со јавност и комуникации на Alma Career, и додава: „Кога ги прашавме истите испитаници за нивната подготвеност да ја променат работата во следните 6 месеци – 77% одговорија дека ја разгледуваат оваа можност, што укажува на широко распространето незадоволство. Повторно, подготвеноста за промена на работа беше поголема на Балканот, достигнувајќи дури 90%. Овие ставови секако можат да бидат влијани од неколку фактори, како што е сегашното ниво на плати споредено со куповната моќ.“

Само еден од четворица е задоволен од својата плата

Истражувањето истакнува различни нивоа на задоволство меѓу испитаниците: само 27% изразиле задоволство, 33% изразиле незадоволство, а 40% останале неутрални. Жените се помалку задоволни од својата плата – 24% од жените се задоволни наспроти 30% од мажите.

Што се однесува до возраста – лицата под 45 години имаат поголемо ниво на задоволство (блиску до 30%), додека само околу 23% од лицата над 45 години се задоволни со својата плата. Истражувањето покажува дека незадоволството од платата расте со возраста, што е изненадувачки ако се земе предвид дека повисоките позиции обично носат повисоки плати.

Според земјите – најзадоволни се луѓето во Чешка и Естонија (околу 32%), додека во Хрватска, Латвија и Литванија задоволството изнесува околу 22%.

Повеќе од половина од испитаниците се чувствуваат потценети

Истражувањето покажа дека повеќе од 56% од испитаниците се чувствуваат потценето во однос на нивната плата, што е зголемување од 3% споредено со 2023 година, кога беше спроведено слично истражување од Alma Career. Во спротивност, сега само 21% од учесниците сметаат дека нивната сегашна плата е соодветна – што претставува намалување од 5% споредено со резултатите од 2023 година.

Која плата би ги задоволила вработените?

Кога учесниците беа прашани за нивните очекувања околу платата, 40% изјавиле дека зголемување од 11-20% би ги задоволило. Дополнително, 27% посакуваат зголемување од 20-50%, додека 17% би биле задоволни со зголемување од 6-10%. Само 2% од учесниците изразиле желба за удвојување на својата постоечка плата.

Податоците од истражувањето исто така покажуваат дека постои корелација помеѓу пониските плати и повисоките очекувања за зголемување на платата. Посебно кај учесниците со пониски приходи, се очекува поголемо зголемување за да се постигне задоволство.

Кога ги споредуваме регионите и земјите – 3 од 4 испитаници во Чешка, Словачка, Естонија и Словенија би сакале зголемување до 20%, додека во останатите земји половина од луѓето посакуваат повеќе од 20% зголемување. Овие ставови повторно се можат да бидат под влијание на куповната моќ.

Ризик од флуктуација на вработените

Имајќи предвид како незадоволството од платата влијае на ризикот од промена на работа, истражувањето ги праша учесниците дали планираат да бараат нова, подобро платена работа во следните шест месеци. Резултатите покажаа дека 77% од испитаниците размислуваат за промена, што укажува на висока желба за подобра компензација.

„Во споредба со минатогодишното истражување од 2023 година, процентот на испитаници кои размислуваат да најдат подобро платено работно место се намали од 79% на 77%, но сепак – само еден од четворица е доволно задоволен за да не размислува за промена на работа во следните 6 месеци“, коментира Јозеф Плшко, директор за односи со јавност и комуникации на Alma Career.

За истражувањето:
Истражувањето беше спроведено во февруари и март 2025 година во девет земји каде Alma Career е присутна: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија и Латвија, преку Paylab – меѓународна платформа за истражување на плати која собира информации за примањата и бонусите на вработени на различни позиции.

Оваа прес-информација покрива само дел од резултатите од истражувањето на Alma Career. Документот со Клучни Наоди, кој ги опфаќа сите важни податоци, е достапен бесплатно за сите медиуми – контактирајте нè доколку сте заинтересирани.

ЗА ALMA CAREER

Alma Career е водечки пазарен играч во услугите за вработување, присутен низ земјите на Јадранот, Централна Европа, Балтикот и Финска. Компанијата обезбедува над 1,3 милиони можности за вработување, речиси 15 милиони апликации за работа, 2 милиони корисници со активни аларми за работа и над 5 милиони месечни посети.

Со досег до околу 70 милиони луѓе во Европа, приходи од 110 милиони евра и околу 650 професионалци за регрутација во Централна и Источна Европа (2024 година), Alma Career нуди услуги базирани на податоци и технолошки иновации.

Alma Career е глобална компанија со локално срце – со длабоко познавање, долгорочно искуство и културно разбирање на локалните пазари.

Компанијата директно оперира во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Финска, Латвија, Литванија и Словачка. Исто така, Alma Career има малцински удел во Србија и работи со партнери во Албанија, Бугарија, Црна Гора и Романија. Alma Career е и членка на The Network – глобална алијанса на водечки портали за работа што покрива над 140 земји и повеќе од 60 портали за вработување.

Alma Career е дел од групацијата Alma Media – повеќе информации: Alma Media