Според МВР, во првите 24 часа биле евидентирани околу 124 казни, а дополнителни 27 во текот на следниот ден. Најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, додека неколку се за поминување на црвено светло.
Системот ги опфаќа Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија, а неговата цел е преку автоматско регистрирање на прекршоците да се подобри сообраќајната дисциплина и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.
Од МВР посочуваат дека бројот на жртви во сообраќајот е намален. До август годинава се регистрирани 61 жртва, во споредба со 96 во истиот период минатата година, што претставува намалување од околу 40 проценти.
