Посветеноста не бира возраст, вработените во Мотоцентар се доказ за истото
Успешни бизнис приказни

Посветеноста не бира возраст, вработените во Мотоцентар се доказ за истото

6/2/2026

Сакаме да ги претставиме едни од најмладите вработени во Мотоцентар, но со огромна посветеност и беспрекорна ангажираност.

Со големо задоволство сакаме да ги претставиме едни од најмадите вулканизери во компанијата кој што ја комплетираат првата година на работење во Мотоцентар.  

Томас Стојановски и Велко Андонов, едни од најмладите членови на тимот денес се пример што значи желба за учење, тимска работа и професионален раст. Томас Стојановски е дел од тимот на сервисот во Кисела Вода, а Велко Андонов од тимот на сервисот во Маџари.  

И двајцата на скоро иста возраст, започнаа скоро во исто време, само на различна локација, а за двајцата е карактеристичен ентуијазмот, тимското работење и посветеноста.  

Пред само една година започнаа ново поглавје како дел од нашиот тим. Денес, тие не се само одлични вулканизери — тие се луѓе на кои тимот може да се потпре. 

Првата година им донесе предизвици, нови вештини, динамика и многу заеднички моменти. А нивната порака до сите млади е едноставна: 

„Ако имаш желба да учиш, да работиш и да растеш — вистинскиот тим ќе ти даде шанса. “ 

Горди сме што растеме заедно. 
Горди сме што создаваме тим што инспирира.  

Томас и Велко ни одговорија и на неколку интересни прашања:  

1. Како изгледаше вашиот прв ден во компанијата и што најмногу ви остави впечаток? 

Велко Андонов: Бев возбуден, но навистина првиот ден беше одличен, колегијалноста од колегите и присуството на тимската работа ги почувствував ведаш.  

 

Томас Стојановски: Мојот прв ден помина одлично, условите за работа ми оставија многу добар впечаток, а атмосферата пријатна. Колегите и претпоставените сите до еден многу љубезни, професионални и секогаш спремни да помогнат – и тогаш си реков ова е компанијата во која сакам да работам.  

2. Кој беше најголемиот предизвик во првата година и како тимот ви помогна да го надминете? 

Велко Андонов: Вклопувањето во тимот и запознавањето на сите колеги, нивните карактери и навики. Доаѓањето во нова средина секогаш е предизвик, но морам да истакнам дека имав и сеуште имам подршка од целиот тим, вклучувајќи го и раководителот на сервисот.  

Томас Стојановски: Најголем предизвик беше прилагодувањето на работните обврски и новата работна средина. Но подршката од тимот, и од раководителот беше од огромна помош за сите предизвици брзо да ги надминам :)

 

3. Кога за првпат почувствувавте гордост што работите токму тука? 

Велко Андонов: Оној момент кога целиот тим ти верува и те остава самостојно да ја извршуваш работата за која си обучен соодветно, кога тимот бара помош од мене. Дефинитивно тоа беше моментот кога тимот стекна доверба во мене  

Томас Стојановски: Кога согледав дека навистина трудот се вреднува, се почувствував навистина гордо, тимската работа и подршката е она што е препознатливо за нашиот тим во Кисела вода.  

4. Што би му препорачале на секој млад човек што сака да ја започне својата кариера кај нас во Мотоцентар? 

Велко Андонов: Правиот избор е Мотоцентар – доколку некој сака фер третман, да е почитуван и вистински вреднуван од страна на целиот тим, ако сака стабилна работа, како и можност да напредува и да гради интерна кариера, навистина сето тоа може да го добие во нашата компанија.  

Томас Стојановски: Би му препорачал на секој млад човек да не се двоуми, ако има можност да се вработи во нашата компанија.  Да биде мотивиран, упорен и подготвен за учење на нови работи, бидејќи тука во Мотоцентар можноста за професионален развој е реалност за секој кој е посветен и сака да напредува.  

5. Со кои три збора би го опишале тимот и атмосферата во Мотоцентар? 

Велко Андонов: Колегијалност, позитивна атмосфера и бенефити – кои компанијата ги обезбедува за своите вработени :)

Томас Стојановски: Мотивирачка, професионална и атмосфера со многу подршка од сите колеги :)

Не се потребни години искуство за да оставиш силен впечаток. 

Нашите двајца најмлади колеги започнаа со желба да учат, да работат и да докажат дека возраста не е граница за посветеност и професионалност. 

Во само една година, тие станаа важен дел од тимот — луѓе кои секојдневно покажуваат што значат одговорност, тимска работа и вистинска енергија.  

За тоа не зборуваат само резултатите, зборува начинот на кој си помагаат меѓусебно, како и довербата што ја изградија и тимот што расте заедно. 

Кога ги прашавме што е најважно за успех, одговорот беше едноставен: 

„Кога имаш тим што верува во тебе — почнуваш и самиот повеќе да веруваш во себе. “ 

Токму тоа е нашата приказна. 
Мотоцентар е место каде што луѓето не доаѓаат само да работат — туку да растат, што можеме да го потврдиме со многу успешни приказни за интерен кариерен развој.