Во Црна Гора просечната нето плата за февруари изнесувала 1.000 евра
Анкети и истражувања

Во Црна Гора просечната нето плата за февруари изнесувала 1.000 евра

4/1/2025

Просечната плата во Црна Гора, без даноци и придонеси, во февруари, според податоците на Монстат, изнесувала точно илјада евра и била за 0,2 отсто помала од јануари.

Просечната нето плата во февруари во однос на истиот месец лани бележи раст од 22 отсто.

Просечната бруто плата во Црна Гора во февруари изнесувала речиси 1,2 илјади евра, објави Мина.

Имајќи предвид дека потрошувачките цени во февруари се зголемени за 0,4 отсто во однос на јануари, произлегува дека реалните плати за истиот период се намалени за 0,6 отсто“, се вели во соопштението.

Извор: biznisinfo.mk