Дали сте чуле за менаџер за задржување на вработени?“
Совети

Дали сте чуле за менаџер за задржување на вработени?“

8/8/2025

Ако има човек за вработувањe и отпуштање треба дa има и човек за задржување на вработените! Интервју со проф. д-р Армин Трост

Во денешно време кога пазарот на труд брзо се менува и конкуренцијата за таленти станува сè пожестока, една тема сè повеќе го зазема вниманието на работодавачите – како да ги задржат своите најдобрите и најквалитетни вработени. Иако многу компании се фокусираат на регрутирање, задржувањето на кадарот останува предизвик со кој малкумина знаат како успешно да се справат.

Дали постои посебна улога или човек во компанијата кој е одговорен за ова? Како се справуваат успешните компании и што велат експертите?

На овие прашања одговара проф. д-р Армин Трост, еден од највлијателните експерти за човечки ресурси во Европа и професор на Универзитетот во Фуртванген, Германија. Тој годинава ќе биде говорник на конференцијата Drive 2025,во организација на Mojposao.ba  каде што ќе зборува токму за предизвиците и решенијата околу задржувањето на вработените.

Интервју со проф. д-р Армин Трост

Колкава е вистинската финансиска цена од загубата на вработен?

Финансискиот трошок од доброволното заминување на вработен може релативно прецизно да се процени, особено во споредба со други теми од управувањето со човечки ресурси. Сепак, тој често се потценува. Трошокот зависи од квалификациите на вработениот, колку е тешко да се најде замена и колку празнина остава неговото заминување во организацијата. За помалку квалификувани вработени, тој трошок изнесува околу половина од годишната плата, додека за високо квалификувани може да достигне и до три годишни плати или повеќе.

Се вели: „Луѓето доаѓаат во компанијата, но си одат поради менаџерот.“ Колку е точна оваа изрека?

Оваа изрека упатува дека кандидатите ги привлекува брендот на компанијата, односно пошироката слика. Меѓутоа, на крајот секојдневното искуство, особено односот со менаџерот, пресудува. Тоа е релативно точна претпоставка. Но, таа донекаде неправедно ги обвинува менаџерите. Многу вработени всушност остануваат токму поради својот менаџер. Исто така, не секогаш треба да се претпостави дека оние што даваат отказ бегаат од нешто.

Кој треба да биде крајно одговорен за задржување на вработените во организацијата?

Во повеќето компании одговорноста не е јасно дефинирана и веројатно така ќе остане. Задржувањето на кадар е сложен процес што го опфаќа целото работење на организацијата. Одговорноста е распрсната и не е препорачливо некој поединец целосно да ја преземе. Воопшто не познавам компанија со позиција „Директор за задржување кадар“.

Дали излезните интервјуа навистина помагаат во задржување на вработените?

Многу компании мислат дека преку излезни интервјуа ќе дознаат зошто луѓето заминуваат и ќе можат да направат подобрувања. Но, тие што доброволно си одат не се репрезентативен пример за целата работна сила. Во практика, овие интервјуа доаѓаат предоцна. Наместо тоа, Трост препорачува „интервјуа за задржување“ со вработени кај кои се забележуваат рани знаци на незадоволство.

Кои се главните причини што ги задржуваат луѓето кај работодавачот?

Луѓето првенствено доаѓаат поради работата и платата – конкретни и мерливи фактори. Но остануваат поради „помеките“ аспекти: социјалните односи со колегите, менаџерите и клиентите. Затоа компаниите треба да се фокусираат на зајакнување на социјалните врски меѓу вработените.

Проф. д-р Армин Трост ќе биде говорник на конференцијата Drive 2025, каде што ќе ја обработи токму темата за задржување на вработените.

Доколку сакате да бидете дел од оваа конференција ОВДЕ погледнете ја програмата