Годишниот одмор не е луксуз... Кажи ни како го користиш и колку дена ти стојат на располагање?
Анкети и истражувања

Годишниот одмор не е луксуз... Кажи ни како го користиш и колку дена ти стојат на располагање?

6/16/2025

Одморот, исто како и работата, заслужува да се разговара сериозно за него. Вклучи се во нашето истражување за годишните одмори!

Долгоочекуваниот годишен одмор за многумина е светлина на крајот од (работниот) тунел — особено кога неколку стресни и со обврски исполнети денови ќе се наредат еден по друг.

Сонуваш за него кога понеделникот ќе дојде побрзо од очекуваното, кога роковите исцрпуваат и кога твоето сандаче изгледа како дупка без дно. Но одморот не е само награда – тој е неопходност.

И науката тоа го потврдува. Истражувањата покажуваат дека користењето годишен одмор не е луксуз, туку инвестиција во сопственото здравје и задоволство. На пример, истражување објавено во Psychology Today покажува дека дополнителни десет дена платен одмор можат да ги намалат симптомите на депресија кај жените за дури 29% – а кај мајките, таа бројка се зголемува на 38%.

Друго интересно истражување покажа дека луѓето за време на одмор спиеле речиси половина час подолго и значително го намалиле времето поминато во седење – сето тоа придонесува за подобро расположение, концентрација и здравје.

И што е можеби најважно – од годишниот одмор обично се враќаме со повеќе енергија, поголема мотивација и поголемо задоволство од нашата работа.

Помогни ни да дознаеме повеќе – учествувај во истражувањето

И оваа година го спроведуваме истражувањето за годишните одмори бидејќи сакаме да го слушнеме и твоето мислење.

Колку си задоволен/на од бројот на денови годишен одмор што ги имаш на располагање? Планираш ли ова лето да го искористиш целиот одмор или само дел од него? Очекуваш ли исплата на регрес? Како гледаш на сè попопуларниот концепт на неограничен годишен одмор што го нудат некои работодавачи?

Твоите одговори ни помагаат да создадеме реална слика за тоа како денес го доживуваме годишниот одмор, што очекуваме од него и колку ни значи.

Пополнувањето на анкетата трае само неколку минути, а твоите одговори се целосно анонимни.