Заинтересираните кандидати треба да аплицираат онлајн преку платформата www.campuschina.org и да ја достават потребната документација согласно конкурсот на МОН.
Крајниот рок за пријавување е 15 јануари 2027 година. Покрај електронската апликација, кандидатите треба да достават и копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.
Изборот на стипендистите ќе го врши Амбасадата на Кина во Скопје, а избраните кандидати треба да ги започнат студиите во септември 2027 година.
Повеќе информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во официјалниот конкурс на МОН.
