Зад оваа успешна приказна стои тим кој секојдневно со посветеност и енергија го гради брендот. Една од двигателите на успехот е директорката на продажба, Јелена Костадиновиќ – професионалец чија визија и страст за хотелиерството го прават Limak препознатлив симбол на луксуз и гостопримство.
„Тоа е чест и гордост – да создаваш нешто што ќе остане препознатливо за градот,“ вели таа, навраќајќи се на првите денови кога со тимот започнаа ново поглавје за хотелиерството во Скопје.

Успех во бројки и во насмевки
Дека работата на тимот е на вистинскиот пат го потврдуваат резултатите – раст на приходите, зголемена лојалност на гостите и јасна стратегија. Но најголемото признание, како што истакнува Јелена, е кога гостите се враќаат и го препорачуваат хотелот. „Тоа чувство нема цена,“ додава таа.
Посебно ја трогнуваат моментите кога делегации, воодушевени од гостопримството, ја носат приказната за Limak во своите земји и на тој начин создаваат амбасадори на хотелот и надвор од Македонија.
Енергијата на тимот
„Мојот тим е мојата најголема мотивација – нивната енергија е двигателот на успехот,“ вели Јелена. Нејзината лична мотивација пак е вербата дека Limak прави разлика во индустријата и создава задоволни гости.
Ново поглавје – можност за нови таленти
Денес, Limak Skopje Luxury Hotel отвора ново поглавје и е во потрага по Агент за продажба и маркетинг.
„Бараме позитивна, проактивна личност со страст за гостопримство и силна комуникација. Некој кој е подготвен да расте заедно со нас, со ентузијазам, култура и љубов кон хотелиерството. Најмногу ја цениме автентичноста и искрената желба за успех, затоа што тоа создава силна тимска хемија,“ објаснува Костадиновиќ.

Limak Family – средина што инспирира
Она што го прави Limak посебен е чувството на припадност. „Ние сме едно големо Limak Family. Кај нас секој нововработен влегува во средина во која може да учи, да расте и да ги реализира своите потенцијали. Тоа е енергија која инспирира,“ додава таа.
Профил на кандидатот
Успешниот агент за продажба и маркетинг треба да има упорност, професионалност, креативност и способност за градење односи. Продажбата и маркетингот бараат фокус и конзистентност, но и креативност за да се најдат решенија. „Оваа позиција бара личност која гради доверба со клиентите, бидејќи тие односи се долгорочна инвестиција. Дополнително, многу е важно кандидатот да ја разбира динамиката на пазарот и да биде подготвен постојано да се надградува,“ објаснува Јелена.
Повик до кандидатите
За сите кои се двоумат, пораката е јасна:
„Направете чекор – ова е можност за раст и кариера во силен бренд.“
Оваа позиција не е само работно место, туку шанса да станете дел од приказна што ја гради иднината на луксузниот туризам во регионот. Ако се препознавате во оваа визија, пријавете се и бидете дел од тимот кој ја носи енергијата, страста и професионалноста на Limak Skopje Luxury Hotel.
Како се мери успехот?
А бидејќи секој нов член е дел од успехот на брендот, прашавме – како Limak го мери успехот?
„Преку бројки, стабилни клиенти, насмевки на задоволни гости, но и преку внатрешните запчаници кои го вртат кругот,“ искрена е Јелена.
„Успехот е комбинација. Бројките се важни бидејќи ја покажуваат стабилноста и растот на хотелот – огледало на нашата стратегија и напор. Клиентите се важни, затоа што носат проекти, партнерства и нови можности. Но над сè, задоволниот гостин е најчистата и најискрената дефиниција на успех – насмевка, благодарност и повторно враќање, тоа е мерка што никогаш не може да се стави само во табела. А вработените се срцето на хотелот, носејќи ја атмосферата и топлината кон гостите. Кога сите овие елементи ќе се поклопат, тогаш знам дека сме на вистинскиот пат.“

Визијата за иднината
„Нашата цел останува иста – да бидеме прв избор за луксуз во регионот, со маркетинг и продажба како двигател,“ завршува Јелена Костадиновиќ.
