Стабилно и топло претпладне, попладне можни невреме и град
Актуелно

Стабилно и топло претпладне, попладне можни невреме и град

02. 09. 2026.

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни невреме и град.

Температурата ќе се движи од 14 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со услови за краткотрајно невреме во делови од котлината. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Слично време се очекува и во наредните денови, со сончеви и топли периоди и локална нестабилност во попладневните часови.